Ревизија

Ревизија е постапка на проверка и оценка на финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи на обврзниците на ревизија, како и податоците и методите кои се применуваат при составување на финансиските извештаи, врз основа на кои се дава стручно и независно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиската состојба, деловните резултати и паричните текови.

Општи цели на ревизорот

При извршување на ревизија на финансиски извештаи, општите цели на ревизорот се:

  • Да стекне разумно уверување за тоа дали финансиските извештаи земени како целина се ослободени од материјални погрешни прикажувања, било поради измама или поради грешка, со тоа овозможувајќи му на ревизорот да изрази мислење дали финансиските извештаи се подготвени, во сите материјални аспекти, во согласност со применливата рамка за финансиско известување; и
  • Да известува за финансиските извештаи, и да комуницира како што се бара со МСР, во согласност со ревизорските наоди.

Ревизија на финансиски извештаи

Целта на ревизијата е да го зголеми степенот на доверба во финансиските извештаи од страна на корисниците за кои се тие наменети. Ова се постигнува со изразување на мислење од страна на ревизорот за тоа дали финансиските извештаи се подготвени, во сите материјални аспекти, во согласност со применливата рамка за финансиско известување. Во случај на рамки со најопшта намена, тоа мислење се однесува на тоа дали финансиските извештаи се презентирани објективно, во сите материјални аспекти, или дали даваат вистинска и објективна слика во согласност со рамката. Ревизијата извршена во согласност со МСР и релевантните етички барања му овозможува на ревизорот да го формира тоа мислење.

Корисници на ревизорскиот извештај

Освен за задоволување на законските потреби, ревизорскиот извештај служи и на:

  • сопствениците на друштвата (содружници, акционери)
  • потенцијалните инвеститори
  • финансиските институции (банки, други кредитори)
  • деловните партнери (купувачи, добавувачи)
  • останатите (вработените, јавноста)

Ревизорско мислење за финансиските извештаи

Согласно со професионалната и законската регулатива ревизорот, врз основа на спроведеното испитување на вистинитоста и чесноста на презентираните информации во финансиските извештаи на претпријатието клиент, во извештајот за извршена ревизија може да изрази една од следниве алтернативни форми на мислење:

  • Неквалификувано (позитивно) мислење
  • Мислење со резерва
  • Неповолно (негативно) мислење
  • Воздржување од давање на мислење

Одлуката за тоа дали ревизорот ќе даде модифицирано мислење и кој вид на модифицирано мислење е соодветно во дадена ситуација зависи од:

  • Природата на прашањата кои доведуваат до модификација, односно, дали финансиските извештаи се материјално погрешно искажани, или во случај на неможност да се прибават достатни и соодветни ревизорски докази, може да се материјално погрешно искажани.
  • Ревизорската оценка за распространетоста на ефектите или можните ефекти од прашањата врз финансиските извештаи.

Деловна етика на ревизорот – Кодекс за етика на професионалните сметководители

За време на ревизијата ревизорот се среќава со многу доверливи информации и податоци за обврзникот на ревизијата, па затоа е важно да се почитуваат правилата пропишани со Кодексот на професионална етика на ревизорот, т.е. сите сознанија и информации собрани во постапката на ревизијата се чуваат како деловна тајна.

Истакнато обележје на сметководствената професија е нејзиното прифаќање на одговорноста да дејствува во јавен интерес. Според тоа, одговорноста на професионалниот сметководител не е само да ги задоволи потребите на поединечниот клиент или работодавач. При дејствувањето во јавен интерес, професионалниот сметководител треба да го запази и да се придржува кон Кодексот за етика на професионалните сметководители.

ТП ЗА РЕВИЗИЈА КОТЕВ – Гевгелија
ул. “Гевгелиски партизански одред” бр. 1-МЗ/2
тел. +389 70 218 422; +389 75 218 422;
+389 34 611-155
E-mail: kotev@t.mk

Прати меил